Радио Милева
скандалозниот бугарски музички крал

Пред да стане познат ги шетал кучињата на богатите: Дали знаевте дека зад името Васил Тројанов Бојанов се крие најголемата бугарска ѕвезда Азис?

Пред да стане познат ги шетал кучињата на богатите: Дали знаевте дека зад името Васил Тројанов Бојанов се крие најголемата бугарска ѕвезда Азис?

Васил Тројанов Бојанов е роден во Сливен, но израснал во Костинброд и во Софија.

Тој доаѓа од богато ромско семејство. На 11 години оди во Германија, каде што заработува како  шетач на кучињата на богатите луѓе.

Таму учи германски, а се раѓа и неговата сестра Матилда. Се обидува да се реализира како модел, но не се справува најдобро со модната писта. Во модната агенција се среќава Јулијана К’нчева, кој го поддржува и стануваат добри пријатели.

Една од неговите први изведби е со ансамблот “Роми”.Во широката јавност, ќе го афирмира Крум Асанов, продуцент на Сончев Музик. Васил оди кај него со својот прв албум со ромски песни. Асанов му дава шанса, бидејќи тој и самиот е Ром. Неговиот прв албум, Азис го дефинира како полн со „боза песни“.Популарноста нагло му расте со вториот албум – „Мажите исто така плачат“. Во моментов тој има објавено над десет албуми.

На 3 мај 2005 година ќе биде избран за почесен претседател на “Евророма”, а ја предводеше и комисијата за култура.

Во летото 2005 година, тој се кандидира за пратеник, но не успева да влезе во Народното собрание.

Во 2006 година ќе ја издаде автобиографската книга “Јас, Азис”, напишана со помош на Вања Шчерева.
Книгата ги шокира читателите со својата груба порнографска содржина и изобилството на цинизам и кич, како и субкултурниот начин на изразување.

На 1 октомври 2006 организира свадбена веселба, на која склучува неформален хомосексуален “брак” со ивесен Ники – „Кинез“, а  „куми“ на свадбата ќе бидат  српската фолк дива Цеца Ражњатовиќ и бугарската ѕвезда Деси Слава. Според трансвеститот Мис Бони (Борислав Соколов), овој “брак” е “нелегална”, бидејќи Мис Бони и Азис веќе биле “венчани” од Гала на националниот стадион “Васил Левски” и не се „разведени“.

Во 2006 година Азис беше номиниран за учество во кампањата на Бугарската национална телевизија БНТ, “Големите Бугари”. На 5 август 2007 Азис станува татко на  девојче – Раја Василева. Мајка на бебето е долгогодишната пријателка на фолк пејачот, Гала.

Во есента 2007 година, Азис не ги вгради своите силиконски гради и покрај неговото јавно ветување.

Со помош на користењето Фотошоп снима скандалозна фотосесија со женски биста.

Последниве години важи за најголемата машка музичка ѕвезда во Бугарија, која според податоците на НАП, Азис пријавува приход од околу 1 милион лева годишно.

Останати вести од Радио Милева