Радио Милева спомен од младоста

Пред 15 – тина или 22-три години ќе да беше…? Лила Филиповска објави хит фотографија (фото)

Пред 15 – тина или 22-три години ќе да беше…? Лила Филиповска објави хит фотографија (фото)

Многу жени стареат достоинствено, а токму таква е нашата позната ТВ водителка Лила Филиповска на која времето како да не и може ништо.

Македонската водителката имаме прилика секој ден да ја гледаме на ТВ екраните во квизот „Сė или нешто“, кој  го  води повеќе од 10 години  и е доста активна и на социјалните мрежи, a речиси секојдневно објавува фотографии  со некој повод, рекламирајќи одредени козметички производи, позирајќи во некоја модна комбинација, од некое патување или снимање но, често и со некои нејзини најдраги личности или колеги.

Овој пат таа се присети и не потсети на едно минато време,  па ископа стара фотографија на која позира заедно со Каролина Гочева, Бојан Маровиќ и Дани Димитровска.

На фотографијата лесно може да забележиме дека Лила го задржала нејзиниот шарм и е истата онаа ведра дама со позитивна насмевка која ја краси до ден денес.

Каролина откако ја виде Инстаграм приказната,  ја репостираше на нејзиниот профил и напиша дека фотографијата е стара и се случила пред 15 – тина година но, сепак со  прашалник и црвено срце …

Како доказ за младешкиот изглед на Лила говори и уште една постара фотографија  која е  направена токму на преминот на новиот милениум 2000 – 2001 – та година за Избор за ТВ лице на годината на тогашниот дневен весник „Вечер“, а овој пат на фотографијата позира заедно со ТВ водителот и новинар Антонио Димитриевски и пејачката Ребека Јанковска Ристевски.

Лила не сака многу  да зборува за нејзините  години, но секогаш со доза на духовитост знае да се пошегува на сметка на нејзината возраст. Но, секако бројот на годините воопшто не е важен кога станува збор за било која дама, осбено не за неа,  поради енергијата и младешкиот дух кој го има во себе.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Лила Филиповска/Фејзбук/Антонио Димитриевски

 

To top