Радио Милева новогодишна еуфорија

Празници се ближат: Вака изгледа новогодишниот амбиент во домот на Милена Антовска, а еве по што ќе ја памети 2021 година

Празници се ближат: Вака изгледа новогодишниот амбиент во домот на Милена Антовска, а еве по што ќе ја памети 2021 година

Ситно броиме до крајот на 2021 и почетокот на 2022 година. Наближуваат Новогодишните и Божиќните празници, период кога се украсуваат домовите во новогодишно руво, кога семејствата се собираат, се купуваат подароци, се замислуваат желби….

Некои од познатите веќе го покажаа новогодишниот амбиент во домот.

Македонската водителка Милена Антовска на својот „Инстаграм“ објави видео и ја покажа новогодишната елка. Имено, на снимката се гледа како сопругот на водителката Гордан и нивната ќеркичка Лана Марија ја китат елката на која преволадуваат бели бои, а на врвот има и ѕвездичка.

Во интервју за „Женски магазин“, Антовска откри по што ќе ја памети 2021 година.

– Годинава што изминува ќе ја паметам навистина по многу нешта. За жал и по лоши, но, за среќа и убави работи. Јас сум човек што секогаш ги дава и последните сили за се да биде добро и позитивно, така што веќе се обидувам да ги заборавам негативните моменти и сакам во меморијата да ми останат само позитивните ситуации. Секако оваа година за мене ја одбележа информацијата дека по втор пат сум бремена. Во новата година сакам само да се породам лесно, да ми се живи и здрави децата и секако сите мои блиски луѓе.

Инаку, водителката е повторно бремена и наскоро ќе се реализира во улогата на мајка, а токму и поради тоа се повлече од ТВ екраните и ужива во трудничките денови.

Во видеото подолу погледнете како изгледа празничната атмосфера во домот на Милена.

фото: принтскрин/инстаграм/милена антовска

To top