Радио Милева
нека трепка од убаво

Празничен поздрав без шминка за добро утро: Јелена од Драчево задолжително е скоцкана, а онаа од реалноста е чиста спротивност (фото)

Празничен поздрав без шминка за добро утро: Јелена од Драчево задолжително е скоцкана, а онаа од реалноста е чиста спротивност (фото)

Од неодамна започна емитувањето на долгоочекуваната седма сезона на популарната македонска серија „Преспав“.

Незгодните комични ситуации се во секоја сцена, а меѓусебните односи меѓу преспавци сериозно нарушени.

Рецепционарката Јелена од Драчево се’ уште не го нашла својот принц на бел коњ, Тони и Марио се скарани, Ула и Коста пред развод…

Онаа која е редовно напната и нервозна е Јелена која ја чека и верува дека нејзината вистинска прилика ќе се случи брзо. Ако за на рецепција не остава ништо да случајноста, секогаш скоцкана и средена од глава до петици, во реалноста Јелена од Штип, но со Хрватска адреса е реализирана сопруга и мајка и е тотално спротивна од улогата на Јелена од „Преспав“.

За Јелена Јованова природнто е она издание што повеќе го преферира, особено кога е слободна и нема снимања.

Па така, овој пат актерката прати еден поздрав за добро утро на своите следбеници на Инстаграм. Празнично џемперче, ноншалантно пуштена коса и насмевка како најубавиот аксесоар за убав почеток на денот.

Па и што треба повеќе? Каква енергија праќаш, таква и привлеккуваш. Јелена од Драчево или Јелена Јованова иста, ама така разлилна со една главна нишка меѓу двете- уникатноста!

фото: Instagram printscreen/ jelenajovanovaperic/ jelena_dracevo

Останати вести од Радио Милева