Радио Милева

Правеа ДНК тест, а резултатот покажа кој е вистинскиот таткото на детето на Кајли Џенер!

Правеа ДНК тест, а резултатот покажа кој е вистинскиот таткото на детето на Кајли Џенер!

Најмладата сестра од најпознатото риалити семејство на светот, Кајли Џенер, на почетокот на февруари на само 20 години станала мајка.

Кајли со години беше во бурна врска со раперот Тига, за да само неколку дена по нивното раскинување се појави рака под рака со новото момче, Тревис Скот, кон средината на април. Набрзо потоа почнаа да се шират шпекулациите дека Кајли е бремена, а таа молчеше за тоа, се криеше, за да ја открие вистината дури по породувањето ( веста ја пушти токму на денот на Супербол – најголемиот спортски натпревар во Америка).

Нејзината ќерка Сторми е родена на 1 февруари.

На сите оние на кои математиката и малку им оди од рака им е јасно дека тука работите во најмала рака се чудни. Кајли имено останала бремена во април или мај. Кога и Тига и Тревис биле во „оптек“.

Затоа и не е чудно што долго се шпекулираше кој е таткото на нејзиното дете – поранешното или сегашното момче. А тие ги „подгрејуваше“ и самиот Тига, кој неколку пати коментирал дека детето би можело да биде негово.

Поради сето тоа, Кајли прифати да направи ДНК тест, за да еднаш засекогаш ги прекине озборувањата. Единствениот услов бил Тига повеќе никогаш да не зборува на оваа тема, пишува Daily Mail.

На сите им олесни кога ги дознале резултатите – таткото на детето на Кајли е нејзиното моментално момче Тревис (25). Тоа го дознала малку пред да ја објави фотографијата на нејзината ќерка на 23 март. На изводот од матичната книга на родените на малечката Сторми, како биолошки татко е запишан Тревис Скот.

To top