Во април претходната година Лука Лазукиќ физички ја напaдна пејачката Наташа Беквалац.
По физичкото насилство таа поднесе тужба и барање за развод од својот сопруг.
Врховниот суд ја донесе првостепената пресуда за Лука Лазукиќ кој е осуден на условна казна од три години.
Со оваа одлука се одбиени сите жалби.
Условната казна значи дека доколу од три години изврши ново кривично дело или ја прекрши мерката за забрана за приближување на сопругата, ќе се активира затворската казна, пренесува Тањуг.
Лука е обивинет за кривично дело за кое следува казна од три месеци до три години.
За потсетување, на пејачката и биле нанесени телесни повреди ноќта меѓу 12 и 13 април 2018 година.
Лука и Наташа од заедничкиот брак ја имаат ќерката Катја која во февруари наполни една година.