На поранешната учесничка во реалното шоу Тијана Максимовиќ, попозната како Тијана Ајфон, во јули годинава и го запалија автомобилот пред станбената зграда во која живее, а сега го дознала името и презимето на лицето што го направило тоа.
Имено, Тијана се огласи на Инстаграм и со своите следбеници сподели нова информација за случајот.
– А овде го пишува името на херојот што ми ја запали колата, тешко, тешко – напишала Тијана, па додала:
– Правдата е бавна, но достижна! – додаде таа на социјалната мрежа Инстаграм.
Да потсетиме, утрото кога автомобилот бил запален, соседите ги разбудиле врисоците на Тијана Ајфон, која панично повикувала на помош.
Фото: Принтскрин/Кобра