Новата девојка на Бред Пит, Никол Потуралски, се почесто е тема во медиумите. Сега таа објави фотографија во тесен фустан и предизвика доста коментари поради описот под фотографијата.
Имено, Никол во описот на фотографијата на која позираше во краток портокалов фустан напиша: „Среќните луѓе не мразат“.
Еден следбеник ја праша: “Тогаш, зошто ти и Бред ја мразите Анџелина? Практикувај го она што го проповедаш, девојче”.
Убавата манекенка мораше веднаш да одговори.
„Не мразам никого“, напиша таа.
На 25 август беше објавено дека Никол е во врска со Бред. Се верува дека тогаш актерот ја однел својата нова девојка на имотот што го купил во 2011 година за 67 милиони долари со неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли.