Многу естрадни уметници од српската јавна сцена веќе ги закажаа своите настапи за Нова година.
Иако не сакаат да откриваат колку ќе заработат, познатите во 2022 ќе влезат побогати за неколку илјадници евра.
Меѓутоа, како што пишуваат српските медиуми, наводно Саша Матиќ ќе заработи 50 000 евра. Како што тврди извор близок на пејачот, Саша ќе настапи во еден лускузен хотел во Белград, а настапот го закажал уштре претходната година.
„Точно е дека Саша ќе пее во Белград, веруваме дека се ќе биде во ред кога станува збор за епидимиолошката ситуација и дека нема да има откажувања. Закажаваме настап уште претходната година, но не е вкусно да зборуваме за цифри. Никогаш не зборувавме за тоа, па нема ни сега“, вели менаџерот на Матиќ.
Рада Манојловиќ и Пеѓа Меденица ќе пејат на еден сплав во Белград каде требаше да настпат претходната година. Двајцата заедно тогаш треба да заработат 50 000 евра.
Радиша Трајковиќ Ѓани ќе настапи во еден хотел во кој требаше да настапува претходната година. Иако не зборуваше за хонорарот, Ѓани наводно за навогодишната ноќ ќе земе 35 000 евра.
фото: ата имагес/ марко јовановиќ/инстаграм/саша матиќ/радаманјловиќ