Радио Милева
трик изглед

Познатите убавици и „без шминка“ изгледаат апсолутно совршено, но дали е баш се’ така како што изгледа?

Познатите убавици и „без шминка“ изгледаат апсолутно совршено, но дали е баш се’ така како што изгледа?

Од Адел до Џеј Ло, sвездите деновиве сакаат да го „рекламираат“ својот природен изглед и со своите „no makeup“ фотографии докажуваат дека се најубави дури и без грам шминка на лицето.

Сепак, тоа баш и не е толку вистина…

фото: Инстаграм

– Фактот дека нема видлива шминка не значи дека воопшто ја нема, затоа што постојат некои трикови зад природниот изглед – откри шминкерката Лиза Слоним во интервју за „The Sun“, посочувајќи дека фазонот „no makeup“ обично не исклучува малку тонер, руменило или сјај на вистинските места.

На пример, Џенифер Лопез не се срами да им посака добро утро на своите следбеници на Инстаграм во 7 часот со фотографија во баде мантил – без шминка, но и без подочници и со совршен тен. Џеј Ло редовно користи тонирани креми со заштитен фактор, а исто така се подложува и на бројни дерматолошки третмани за подмладување, како што се хемиските пилинзи.

фото: Инстаграм

Ријана неодамна преку видео ја откри својата рутина за нега на кожата и шминка, и истакна дека никогаш не пропушта да стави мал бронзен сјај на лицето, што му дава мистериозен и егзотичен изглед.

Водителката Маја Џама често поставува фотографии без или со минимум шминка, а Лиза Слоним открива како таа постигнува блескав тен како нејзиниот.

фото: Инстаграм

– Одберете тониран хидрантен крем кој ќе ви овозможи сјај на кожата. Нанесете го во мала количина и со рацете втријте го во лицето. Користете коректор за да ги покриете флеките, а бронзер и руменило за да одржите сјај. Допирот со вазелин на јаболчниците, исто така, дава прекрасен природен сјај – вели Слоним.

Еве како тоа и успева и на Викторија Бекам…

 

View this post on Instagram

 

It’s Pride month… and WHO is taking over my Instagram this week?! Full lineup coming soon! xx vb

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham) on

Останати вести од Радио Милева