Освен што ни прават „лиги“ со фотографии од егзотични дестинации или прекрасни плажи, јавните личности ни создаваат уште една „главоболка“ – нивната извајана фигура!
Анастасија Ражнатовиќ отпатувала со своите пријатели на грчкиот остров Миконос. Освен што лудо се забавува ноќе, ќерката на Цеца денот го минува во пливање и уживање на сонцето.
Дара Бубамара не запира! Пред неколку дена, пејачката беше во Ровињ, а сега секојдневно на обожавателите им сервира понекоја жешка фотографија. Последниата е од тоалетот – омилено место на Дара за сликање.
Николија Јовановиќ замина на одмор, но на малку помирна дестинација во Грција во Ставрос. Додека ќеркичката Реа спие, пејачката ја користи можноста да се искапе и при тоа да ја покаже својата совршена линија и затегнатата задница.
Зорана веројатно е уморна од снимањето и работењето на нејзиниот блог, па решила да се ревитализира на јадранското крајбрежје во Црна Гора. Додека фаќа боја, најчесто во базенот, блогерката прави селфи фотографии од нејзиното деколте. Сепак, понекогаш сака да ја покаже целата фигура, па замолила еден гостин на хотелот да ја сликадодека лежи крај базенот во костим за капење.