Веста за ненадејната смрт на Драган Вучиќ, домашната естрада ја завитка во црно. Познатите личности најмногу преку социјалните мрежи се простуваат од својот колега, пријател, соработник, за некои од нив и учител.
Дел од нив застанаа и пред камерата на естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“ и во специјалното издание посветено на него, зборуваа за шокот, кога утрото ја дознале веста за заминувањето на Вучиќ. Во рамки на емисијата познатите се простуваа од својот пријател, соработник, колега… Низ солзи во очите зборуваа за пријателството со Вучиќ и открија детали од нивното познанство, соработката, дружбата, поддршката што им ја дал кога почнувале… притоа потенцирајќи дека Драган беше голем човек и ќе остане легенда, феномен како што пред него немало, и веројатно уште долго нема да се појави во македонскиот телевизиски етер.