Радио Милева последна „балада“ за Пиже...

Познатите се простуваат од Пиже: „Сега си во друштво на ангелите кои те носат на раце, како икона на Скопје“

Познатите се простуваат од Пиже: „Сега си во друштво на ангелите кои те носат на раце, како икона на Скопје“

На 57 годишна возраст, почина Сашо Пижевски – Пиже — скопска урбана легенда, пејач, кафе-клуб менаџер и угостител, еден од креаторите на ноќниот живот во 90-ите во Скопје. Замина човек кој со својата тивкост и добрина беше пријател со сите урбани лица во градот.  Останаа многу недораскажани приказни, неоставрени,  договорени  средби, неиспиени чаши, неиспеани песни, ненапишана книгата која се поготвуваше да ја напише… Замина ненадејно, тивко, без најава… Онака како што последниве години живееше.

Од Пиже денес на социјалните мрежи се простуваат многумина. Неговите другари, најблиските пријатели, познаници, градски фаци, повеќе или помалку познати лица, естрадни уметници, ДЈ-и, водители, новинари, фотографи, менаџери, познати угостители… И сите се согласуваат во едно: Без Пиже Скоје и неговиот урбан живот повеќе никогаш нема да биде ист…Освен во нивните, во нашите спомени и сеќавања на него и неговото, нашето време.

Неговиот најверен музички соработник, кого уште како дете Пиже и Зеко го прибраа во своето кафуле во центарот на Скопје и му дадоа простор да го отвори своето прво импровизирано музичко студио, музичарот, продуцент и пејач Александар Митевски напиша:

Познатиот актер и пејач Драган Спасов – Дац, кој во реобновените „Хавана  бенд“ го замени Игор Џамбазов и заедно со Пиже и Зеко ја отпеа „Балада за татко ти и мајка ти“, вака се прости од својот пријател:

Никола Перевски – Пере, фронтменот на групата „Нокаут“ на својот Инстаграм сподели заедничка фотографија со Пиже и проштална посвета:

Познатата водителка, пејачка и ДЈ Вера Јанковиќ се прости од својот сосед и пријател исто така на својот Инстаграм со кратка проштална порака:

Еден од најверните другари и исто така основоположници на првите урбани ноќни забави по скопските дискотеки, познатот организатор и менаџер Милорад Цајиќ – Цајо сподели заедничка фотографија и текст со трогателни зборови:

Не само познатите скопјани, се простуваат од скопската легенда на урбаниот ноќен живот во Скопје. Познатиот радио и ТВ водител, охриѓанецот Жанко Голабоски вака се збогува со својот скопски пријател:

Познатиот скопски бизнисмен, писател и текстописец Драган Таневски како последно збогум на својот починат пријател му посвети песна:

Уште една скопска урбана легенда, еден од најпознатите скопски угостители Горан Мичо Милевски, сопственик на многу урбани локали, меѓу кои и сега актуелниот „Мистер Џек“, со заедничка фотографија и тажен но вистинит слоган се прости од својот другар:

Познатиот македонски фотограф Роберт Атанасовски со неверување и тага со сеќавања на дел од заедничките мигови, го испраќа својот пријател:

Во име на редакцијата на Вистина.ком.мк и во свое лично име, ТВ водителот и новинар, главен и одговорен уредник на нашиот портал,  Антонио Димитриевски, со свој статус на Фејсбук и сеќавање на времето на заедничката младост со починатиот Пиже, простувајќи се од него, напиша:

Дали е прашање само на пука случајност обична коинциденција или сепак универзумот има свои правила по кои ни ја одредува нашата судбина, никогаш нема да дознаеме? Но, она што е евидентно е дека Сашо Пижевски-Пиже, почина на ист датум како и неговиот најдобар другар и неразделен животен компањон, Горан Атанасов – Зеко… 17 мај… само Зеко, 4 години претходно!

Газда Зеко не е фер… од кога фајронт вака рано? Пиже, Џамбазов, Митевски, Цајо, Џовани… вака познатите скопски ликови се простија од нивниот другар!

Фото: Социјални мрежи и приватна архива

 

To top