Радио Милева (пред)празнично расположение

Познатите Македонки во предновогодишна еуфорија пред претстојните празници: Разиграни, распени, насмеани и дарежливи „дадамразици“ (ФОТО+ВИДЕО)

Познатите Македонки во предновогодишна еуфорија пред претстојните празници: Разиграни, распени, насмеани и дарежливи „дадамразици“ (ФОТО+ВИДЕО)

На чекор пред Нова Година, сакале или не, новогодишната еуфорија полека сите ги обзема. Сите нас, а можеби најмногу познатите личности кои ги користат овие денови за што подобро да се претстават себе си, уновчат својот пејачки или водителски талент или инфлуенсерските способности, за што периодот пред претстојните празници нуди најдобри погодности.

Македонските јавни личности особено познатите Македонки воопшто не заостануваат зад ова непишано правило, па така и ним расположението пред „најлудата ноќ“  полека им зема залет,  пред да ја достигне највисоката точка на еуфорија. Во меѓувреме, разиграни, распени, насмеани или како дарежливи „дадамразици“ ги преплавуваат социјалните мрежи пред претстојните празници!

Татјана Лазаревска со сопругот Новица со години живеат во далечната Австралија, а таму Божиќ веќе пристигна, па затоа фолкерката  во работна атмосфера и соодветен аутфит – таа како секси дадамразица, а тој како новогодишен ирвас, на сите им посакаа – „Мerry Chtistmas“!

Александра Јанева годинава го смени статусот и од г-ца стана г-ѓа, ама го смени и имиџот пареши дпред Нова Година и таа да се престори во секси дадамразица. И тоа пред новогодишната елка за време на снимањето и гостувањето во една ТВ емисија.

ТВ водителката Снеже Велков не се облече како дадамразица… Ама затоа новогодишно го украси целото студио, па реши да испозира и пред новогодишната елка, со по некое селфи или манекенска поза… Можеби ќе се најдат за некоја инфлуенсерска реклама, онака како што Снеже тоа знае да го прави на својот Инстаграм дискретно, ама затоа многу поконкретна е во во „Нешто конкретно“…

Елена Ристеска ја искористи можноста во црвено фустанче до душа преку него иметната и со шарено џемперче, како дадамразица да ја најави својата новогодишна тезга. Настап со својот бенд ЕРА на плоштадот Македонија, на неколку дена пред Нова Година. Дали во истиот аутфит како распеана дадамразица ќе се појави на сцената, останува да почекаме да ја видиме Елена.

Кога сме веќе кај пејачките, Калиопи не е налик на дадамразица, ама затоа го има најголемиот Дедо Мраз покрај себе… Ако не повеќе, барем на слика! Токму со џиновскиата фигура на најпосакуваниот дедо, голема „до небо“, македоската поп дива направи селфи како повод за честитка на сите оние кои го слават Божиќ според Грегоријанскиот календар.

Божиќ е и во Словенија каде сега живее и работи некогашната новинарка и ТВ водителка на „ТВ магазинот од зад сцената – Бекстејџ“, Марија Петровска.

Годинава Маца и нејзинот партнер, Словенецот Михаел за прв пат се остварија и како родители, па ова е прв Божиќ и на нивниот малечок ангел Домен.

Тој незимерно му се радува на Дедо Мраз, а  родителите на него… И секако, еден на друг!

ТВ водителките разбирливо, секогаш мора да се тип-топ стокмени за пред камери… А кога е во прашање Нова Година, уште и повеќе, па во духот на празниците се облече и Вера Мештеровиќ.

Настрана што е бивша мисица и манекенка на која се и прилега, овој пат Вера реши да покаже како изгледа како секси дадамразица од утринската програма, во светкаво црвено фустанче… Белото можеби ќе го чува за Божиќ. Ова црвеното повеќе прилега за Нова Година и рака на срце топ и стои на жената, освен…

Да не заборави да ја извади етикетата со цената!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Body Line (@bodylineskopje)

Елена „Живот со стил“ Најдовски  новогодишно променета дедомразовски. Во црвени светкави панталони и костум како и најпосакуваниот дедо на светот, а комлетот и оди со дарежливоста, зашто екс водителката ги сподели и своите новогодишни подароци.  До душа во име на своите спонзори кои сега како инфлуенсерка ги рекламира, ама ако… Секогаш кога со нешто се наградува има и некој што ќе се радува…

Седната во златната санка, во елегантен светкав фустан со длабок шлиц, со високи штикли и црни мрежести чорапи, оваа русокоса убавица одново покажа колку може да биде секси дадамразица, по која ќе се вртите и по стопати!

Кога сме кај екс ТВ водителките, инфлуенсерството и новогодишните подароци, Миа Костова е секако неизоставна. Можеби не е класична дадамразица, но секако секси и тоа за обата пола. Кога сме веќе кај половите, русокосата овој пат е дарежлива како дедото кој доаѓа од северниот пол.

Полни раце подароци за најбрзите прсти кои кликаат…

А, потоа радоста и возбудата бликаат од добиениот подарок од дада Миа и телеком-операторот кој го рекламира најпознатата македонска инфлуенсерка, како на Дедо Мраз да му е несудена ќерка!

И конечно колку за денес, уште една од најпознатите македонски ТВ водителки и инфлуенсерки, а дефинитивно најпознатата меѓу сите лото девојки. Секси секако, распеана и разиграна, русокосата убавица Марјана Станојковска во предновогодишно расположение ви праќа заводливи погледи, шармантни насмевки и сочни бакнежи во студените зимски денови од снежниот Копаоник.

Налик на руска грофица со шубара на главата во мини фустанче, Марјана  е дефинитивно секси мармаладно зимско девојче…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MARJANA STANOJKOVSKA (@marjanamay)

Фото: Социјални мрежи/ Инстаграм/ Фејсбук

To top