Македонските познати дами одлично се снаоѓаат во улогата на секси Баба Мразици. Во ваквите новогодишни фотосесии особено уживаат нашите поп и фолк пејачки, ТВ водителки, модели, манекенки, старлети, стриптизети…
Но, да поченеме со ред…
Младата пејачка Симона Попоска неколку години по ред знаеше да не почести со прекрасни новогодишни фотографии. Dипломираше медицина, па се омажи… и наместо со нова фотосесија не почести само со една новогодишна фотографија!
Затоа уживајте во една-две од ланските зимски фотографии на единствената секси Баба мразица што „лечи со песна“!
Покрај неа, тука е и Сара Мејс која некогаш вака го најавуваше својот настап за најлудата ноќ во годината.
И македонските фолкерки обожаваат да носат црвени фустанчиња со бело крзно, па во текот на изминатите години и тие позираа како секси баба мразици!
Пред да заминат за Австралија, Татјана Лазаревска и Новица Василевски костимирани си играа „жешки“ предновогодишни игри среде соба покрај елката. Зграпчи го цврсто… и пејачката го зграпчи со обете раце! Ама, не микрофонот… туку Дедо Мраз… за пуфката од капата! Колку за да покаже дека умее… со микрофонот!
И Елена Велевска е секси Баба Мразица… И кога седи и кога клечи.
Па и таа го зграпчи… врвот на малата новогодишна елка, крај која позираше. Поголемата ја остави за следната година…
…кога босонога го зграпчи белото мече меѓу нозе, в скут.
Позираше и Сузана Гавазова како секси Баба Мразица со пуштени коси, бели најлон чорапи со тантела, седната крај елката со прекрстени нозе, меѓу кои срамежливо ѕиркаше највозбудливото парче облека… Во иста боја како црвеното фустанче и повеќето од лампионите на елката!
Баба Мразица за машала беше и фолкерката Татијана Стефановска. Само што таа покрај сексапилот не ја криеше и желбата… да Ви наздрави за Среќна Нова Година, се разбира. Ваше е само, од неа да си побарате… музичка желба, секако! Шампањското е гратис!
Фолкерката Џесика Палашоска и беше и не беше Баба Мразица… ама затоа беше и се’ уште е опасно секси. Една Нова Година дочека во Австралија, а таму како што знаете за Нова Година е лето… На Џеси и беше жешко, ем од времето ем од што и врие крвта, па разголената Баба Мразица во хотелската соба реши да си поигра со кадифеното мече. Тоа одозгора ја гледаше директно в очи, таа себе си исто така во одразот од огледалото, а Вие…? Вие погледнете ја подобро првата фотографија и погодете дали Џесика во или без долна облека чекаше да се поклопат сказалките на полноќ ?
Нова година среде лето славеше и македонската џепна венера, па така и најпрошетаната велешанка Ноне Неделковска беше летна секси Баба Мразица.
Откако нејзиниот прекуокеански крузер се закотви на една плажа преку седум мориња и океани, прв кој притрча да и ја честита Новата година беше непознатиот четвороножен пријател.
Ноне како голем љубител на животните се израдува, го гушна и го прими во свите прегратки како да е нејзин…
…Ама на таквиот сексапил на нашата летна Баба Мразица тешко кој можеше да и одолее, па така и тој покажа дека не му е само до обично гушкање, туку сака и нешто повеќе! Бакнеж, веројатно…!
Од нашите фолк ѕвезди секси Баба Мразица реши да биде и Стојне Николова. Мала, ситна, динамитна, ама сексапилна, згодна, неопходна… како и останатите нејзини колешки, кога се (пред) новогодишните забави во прашање.
Стојнето онака седната на пласт сено среде соба, во провокативна поза со поглед што мами, најмногу блеска меѓу сите ѕвезди околу неа. А, сеното под неа лесно се „пали“… исто како нејзините обожаватели на неа…!
Секси Баба мразици беа и некои од најпознатите македонски ТВ водителки.
Лила Филиповска позираше крај елката, до душа во хуманитарни цели, ама тоа ниту и го намали ниту и го одзема сексапилот, иако беше закопчана до грло. Впрочем кога ќе ја погледнте веќе во следната комбинација водителката на „Се или нешто“, веднаш сфаќате што би одбрале од подароците под елката… Лила или ништо!
За сексапилот на Марјана Станојковска не мора да зборуваме. Еден поглед каква секси Баба мразица е во прашање и јасно е се’!
Па веднаш ти доаѓа да викнеш: „Би сакал и ЈАС да бидам Дедо Мраз, па и мене вака, да ме држи заааааа… рака! А кој вистински маж, не сака?“
Мелита Ракичевиќ можеби оддамна нема водителски ТВ ангажман, ама затоа и тоа како имаше што да покаже… И тоа од сите – најмногу!
Иако не баш како класична Баба мразица, туку повеќе како снежна кралица, сексапил и еротски набој на Мелита никогаш не и недостасувале… Седната покрај елката и каминот, секогаш е подготвена да го прими… Дедо Мраз на гости!
Единствената спортска секси Баба мразица во нашиот годинешен избор е фитнес моделот Марија Нацева!
Таа од сите наши Баба мразици го има најмускулетото тело и веројатно најубавиот најзаоблен дел на него!
А до вакви резултати не се доаѓа со трчање на ирвасите на Дедо Мраз низ степата и тундрата, туку со напорни работа во теретана…
…А веројатно и надовор од неа! Спортско-секси вежби за најдобрата задница на една наша Секси баба мразица!
И таа е мала, ситна, динамитна и има топ тело иако не е атлета, туку е најпозната македонска стриптизета. И најлибералната наша секси Баба мразица, Ани – Црна Мачка.
Затоа имаме и најслободни новогодишни фотографии од нашиот секси- брилијант од секс шопот „Валијант“!
Среде соба високо елката и стои и ја красат лампиони закачени ко значка, ко снегулки на „лампионите“ на Црна Мачка!
Ништо помалку атрактивна и секси Баба мразица не уште една наша позната ведета. Некогаш манекенка и топ модел, денес уште позгодна и поубава, посекси, ама сепак… Кој не ја видел како гола Бабамразица, добро нека ја погледне пред за столчето да го закова, расната гевгеличанка, Александра Накова!
Од времето кога беше русокоса Плејбој убавица во улогата на секси Баба мразица, па позирајќи за македонското издание на најпознатиот светски машки магазин, со белите крзнени ракавици на рачето, „зајачето“ си го криеше „мачето“!
Секси Баба мразица беше и некогашниот топ модел Билјана Стоиловска…
…Само што тогаш во позирањето друштво и правеше еден млад, надежен „бато мраз(улец)“ во црвени гаќички…
…кој уште тогаш посакуваше и ветуваше дека ќе стане познат и популарен ТВ водител…
…ама претходно, како по холивудско сценарио, мораше најпрвин некако вака да си го трасира патот до популарноста!
Ненад Георгиевски на патот до славата го оствари својот сон, а и моделот Билјана Стоиловска исто така, па денес таа живее и работи во Белград.
И последната позната Македонка – секси Баба мразица во нашиот избор е исто така уште еден топ модел кој се сликаше за еден од броевите на македонското издание на Плејбој – згодната и шармантна Нина Костова.
Таа беше и првата која како секси Баба мразица позираше специјално пред објективот на Вистина.мк онака како што Бог ја (соз)дал, разголена за првиот новогодишен календар на нашиот портал.
Згодна и пожелна, распослана во белата постела, Нина наликуваше на гола Баба мразица во снегот…
…или поточно, беше Вистин(ск)а снежна, новогодишна убавица од Бабамразица!
Ова беше нашиот избор! Вие погледнете ги уште еднаш фотографиите и одберете ја Вашата омилена македонска секси Баба Мразица. Среќна Нова Година и се најдобро во неа Ви посакува редакцијата на…