Радио Милева
Горди мајки

Познатите Македонки го славеа „Националниот ден на ќерките“ и објавија фотографии од нивните наследнички (фото)

Познатите Македонки го славеа „Националниот ден на ќерките“ и објавија фотографии од нивните наследнички (фото)

„Националниот ден на ќерките“  се слави  на 25 септември, а ова е годишно одбележување кое се одржува секоја година.  Од основањето, тој се рашири низ целиот свет и сега луѓето насекаде го слават.

Денот е посветен на ќерките и славењето на нив, како и на нивните достигнувања, славејќи ја љубовта и чудото кои тие ги внесуваат во животот внесувајќи радост во светот.

Оваа година објавувањето на фотографија од ќерките стана доста интересен за познатите, така што можевме да ги видиме ќерките на познатите јавни личности.

Токму по тој повод вчера на социјалната мрежа Инстаграм погледнавме  доста фотографи и од познатите Македонки кои со задоволство се придружија и славеа, а ние ги издвоивме овие пет.

Пејачката Тамара Тодевска објави фотографија од нејзината ќерка Хана. Таа е горда мајка на две дечиња, а ќерката е нејзината првородена љубов.

 

Гевгелиската убавица Александра Накова исто така сподели фотографија од нејзината наследничка Леа.

Имено, позирајќи како балерина, малата убавица се најде на профилот на нејзината мајка како доказ дека  врската мајка – ќерка е нераскинлива.

ТВ водителката Милена Антовска- Стаковска е мајка на две ќеркички и беше дел од Инстаграм кратките објави во чест на овој национален ден. Таа објави фотографија од Лана Марија и Јоана и веднаш ја додаде ознаката.

Новинарката и водителката, Анастасија Деа Богдановска која за првпат во улогата на мајка се реализираше со ќерка на која заедно со нејзиниот сопруг и го одбраа името Дениција. Деа не е од оние јавни личности кои не ги покажува децата со јавност. Напротив, таа редовно објавува фотографии од наследниците посветувајќи им емотивни пораки, а сега и посвети фотографија на ќерката по повод овој ден.

И пејачката Јана Бурческа Бурче се придружи да Инстаграм објавите и ја покажа нејзината ќерка.

Таа во октомври 2017 година на свет ја донесе ќерката Дона која оваа година уште малку ќе наполни шест години.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Останати вести од Радио Милева