Радио Милева „Бекстејџ“ акција

Познатите македонски личности аплаудираат за здравствените работници (ВИДЕО)

Познатите македонски личности аплаудираат за здравствените работници (ВИДЕО)

Пандемијата која ја сиоздаде корона вирусот, последниве неколку месеци бараше големата пожртвуваност и енормно зголемен обем на работа на здравствените работници, насекаде во светот, па така и кај нас во Македонија.



Поведени од несебичната пожртвуваност и макотрпната работа во борбата со Ковид-19 на лекарите, сестрите, болничарите, биолозите и сите останати медицински лица и целокупниот медицински и болнички персонал, што резултира и со се’ поголемиот број на излечени луѓе, редакцијата на естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“, заедно со дел од јавните личности од најразлични професии, упатија длабока благодарност за сета безрезервна посветеност која здравствените работници и соработници несебично ја вложуваат.


Спортисти, водители, новинари, инфлуенсери, актери, пејачи… се само дел од познатите кои се вклучија во кампањата „Поддршка за здравствените работници“, каде во неколку минутното видео аплаудираат во знак на неизмерна почит кон нив.

Здравјето нема цена, животот уште помалку, а тие несебично и обете ги ризикуваат за да го зачуваат моето, твоето, неговото, нејзинито, вашето и нашето… здравјето и животите на сите.

Погледнете го видеото со нашата скромна, но искрена благодарност до нив, кое редакцијата на Вистина.ком.мк приклучувајќи се кон акцијата на естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“, ви го презентира:

 

To top