Од 19 април 2019 година и официјално најпознатите италијански брендови PHARD и ZU+ELEMENTS повторно се во срцето на Скопје! Новоотворена продавница е лоцирана во Градскиот трговски центар, на приземје (поранешна ЛИСКА – поглед на Жена парк), а во неа можат да се најдат парчињата од најновата колекција пролет/лето 2019, и тоа од двата бренда. Отворањето беше проследено со коктел дружење на кое новинарите на највлијателните македонски медиуми беа запознаени со изборот и понудата на овие два светски бренда.
Дамите своето омилено парче за оваа сезона можат да го одберат од колекцијата на PHARD, а сезонава дефинитивно токму овој бренд треба да е вашиот избор ако сакате да бидете во тренд, единствени и урбани во секоја прилика. На работа, додека го пиете вашето денско кафе или за вечерно излегување. PHARD едноставно нуди парчиња кои морате да ги имате! Парчиња во боите на пролета и летото, модели кои се едноставно неодоливи.
Не ја пропуштајте можноста да го обновите вашиот орман со нови и свежи модели во кои ќе блеснете на секоја забава на која ќе бидете поканети.
Бидете уникатни и женствени и оваа пролет/лето сезона со моделите на еден од најпознатите италијански модни брендови – PHARD.
ZU+ELEMENTS, пак, е колекција наменета за сите урбани фраери кои не се откажуваат од младешкиот изглед. Откријте што ни носи новата ZU+ELEMENTS колекција и кои се ’must have’ парчињата за перфектен изглед. Секоја сезона носи нови бои, модели… А овој пат акцент е ставен на деталите. Она што е во центарот на вниманието, особено кога станува збор за маичките, е ’крстот’ како печат на сезоната.
Време е да ги откриете новите трендови на ZU+ELEMENTS!