Радио Милева гола зимска идила

Познатите Бугарки го прифатија предизвикот на светските старлети: По танга бикини на снегот во Банско и Пампорово (ФОТО)

Познатите Бугарки го прифатија предизвикот на светските старлети: По танга бикини на снегот во Банско и Пампорово  (ФОТО)

Еден од најпознатите бугарски топ модели Николета Лозанова се соблече по долна облека на снегот во бугарскиот ски центар  Пампорово, по теркот на  неколку познати светски дами, старлети и модели, пишува бугарска ХотАрена.

Кратко откако Лозанова пристигнала во ова зимското одморалиште, Петја, позната како Пенелопа од “Денот и ноќта на Софија”, го стори истото на терасата на својот хотел.

За жал фотографиите веднаш потоа исчезнаа, но не и оние на нејзината колешка, Калина Кузманова.

Колешката на Пенелопа, Калина Кузманова, која исто така учествуваше во „Денот и ноќта на Софија“, одлучи да се фотографира без облека на снежните падини на Пирин планина во Банско.

Всушност, вистинскиот тренд го покрена оригиналната идеја за: „долна облека / капење во снегот“ на Кендал Џенер и Кортни Кардашијан.

Непосредно пред Нова Година, Кендал се сликаше со крнена шапка и мини бикини на снежната површина, потоа и нејзината сестра по неа го стори истото, но и искрено призна дека ја копира.

Топ моделот Сахара Реј, исто така, не пропушти да се „кликне“ речиси гола во снегот со оправдување: “Сите го прават тоа”!

Сите, па и Бугарските ѕвезди… Додека нашите на снегот се’ уште само скијаат или… прават снешко!

To top