С.В. (39), братучетка од чичко на раперот и учесник во реалните шоуа, Иван Ивановиќ познат како „Џус“, во неделата пријавила во полиција дека физички ја нападнал, пишува српски Курир.
Според нивниот извор, С.В. наводно кажала дека Џус ја претепал во еден кафебар на кејот на Нов Белград. Истрагата е во тек.
Да ве потсетиме, раперот, кој беше многу популарен кон крајот на 90-тите години, последниве години повеќе се занимава со учество во реалните шоуа отколку со музика. Тој призна дека има проблеми со алкохолот и неколку пати бил приведен и од полицијата. Поточно, пред неколку години тој, наводно, бил претепан со бејзбол палка на локалитетот Коњарник, но тој не сакал да соработува со полицијата и не ги открил напаѓачите.
Фото: Дамир Дервишагиќ