Радио Милева за работ на смртта

Познатиот српски фолк композитор раскажа низ каков пекол минал: Најдобриот пријател во неговата кафеана со нож му го распарал стомакот

Познатиот српски фолк композитор раскажа низ каков пекол  минал: Најдобриот пријател во неговата кафеана со нож му го распарал стомакот
Пејачот и композитор Слободан Бетулиќ Бетула е заслужен за хитовите на многу познати пејачи како што се: Мерима Његомир, Недељко Билкиќ, Цеца Ражнатовиќ, Рада Манојловиќ, Ѓани, Ера Ојданиќ и многу други.
Но, тој поминал низ вистински пекол пред две години кога нејдобриот пријател го прободел со нож во неговата кафеана и само среќата го спасила да не заврши трагично.
„Сега имам 65 години, а тој е три години постар. Јадевме заедно многу леб  и со леб што се вели, иако тој не измами сите нас. Оној што не го сретнал, минал најдобро. Му простив за сите измами, сите инспекции и за овој крвав нож со кој за малку ќе ми го одзедеше животот. Господ нека му простии и нека му бидат лесни затворските денови“ – изјави Бетула за медиумите.
„Ме држеа во вештачка кома, имав тешки рани, а се освестив следниот ден. Ми ги проби црниот дроб, слезината, стигна до цревата на еден милиметар, ако ми ги дупнеше, ќе беше многу опасно. Лекарот ми рече: „Твојот замастен црн дроб од ракија, печење и сланината те спаси“.
Стомакот ми беше голем, а ножот краток. Сите во болницата беа одлични, персоналот исклучителен“ – ќе додаде тој во тоа време. Јас направив цел хаос во болницата. Над 140 луѓе дојдоа да ме посетат, закрчија сè живо, од влезот во болницата до четвртиот кат. Трите кревети околу мене беа празни, луѓето го оставаа тоа што го донесоа и ги наполнија на врвот. Имаше околу 100 кг. банани. Ја кренавме во воздух целата болница. Дури и откако ме пуштија од болницата, луѓето сè уште доаѓаат да ме посетат,  мислејќи дека сè уште сум таму“ – истакнал Бетулиќ за српските медиуми.
Како што тогаш изјавила келнерката од кафеаната каде се случил инцидентот, проблемите започнале наутро кога осомничениот тврдел дека гостите во ресторанот му пцујат мајка, што, како што вели, не било точно. Потоа отишол до автомобилот и ставил нешто на ременот, а гостите побарале да се повика полицијата. Како што ќе рече таа, пред нападот врз музичарот, тој  му ставил нож под вратот и на еден од гостите.
„Го видов како го удри Слободан во стомакот. Мислев дека е со тупаница. Што му пристапив, тој го остави Слободан потпрен на вратата и си замина. Тогаш Слободан рече: „Ме уби, Томо“. Кога ја кренав неговата кошула, видов голема посекотина  низ која цревата му се гледаа во длабочина“ – ќе изјави тогаш келнерката.
To top