Радио Милева си отвори душа...

Познатиот српски артист Voyage призна дека е геј?! (ВИДЕО)

Познатиот српски артист Voyage призна дека е геј?! (ВИДЕО)

Неодамна еден од најпознатите артисти на балканската музичка сцена Voyage ги изненади своите фанови со навистина интересно видео во кое признава дека тој е геј. Зошто, дали е тоа вистина и поради која причина Voyage сега го вади видеото во јавност се уште не знаеме.

Михајло Веруовиќ – Voyage стана популарен на Балканот кога со својата тогашна девојка Анџела Игњатовиќ – Бресквица почна да објавува песни, кои брзо станаа хит кај публиката.

По нивната разделба, за што ниту едниот, ниту другиот не сакаа да зборуваат ниту да ја откријат причината за крајот на врската, секој си продолжи по својот пат, а Voyage често го прозиваа поради сексуалната определба. Имено, на социјалните мрежи често пишуваа дека Voyage е всушност геј, и дека врската со Бресквица била само фарса.

На Твитер сега се појави видео на кое Voyage открива дека е геј. Дали ова видео е намерно или ненамерно причината за неговото објавување сеуште не ја знаеме.

„Па јас сум геј, тоа сите го знаат. Во што е проблемот?“ – вели Voyage во видеото.

To top