Раперот Вук Моб и неговата девојка Оливера Контар раскинаа по две години врска.
По тој повод, се огласи Оливера на својот „Инстаграм“ профил.
„Драги колеги. Мојот поранешен партнер Вук Гојковиќ и јас раскинавме по двегодишна врска. Ќе ви се обратам со соопштение, а нема да давам изјави на оваа тема, па ве молам да ја почитувате моја одлука.
Вук и јас одлучивме да се разделиме на почетокот на јуни. Во интерес и доброто на нашата ќерка нема да се огласувам, ниту да давам изјави. Благодам на сите медиуми за соработката и ви благодарам на разбирањето да не зборувам на оваа болна тема“, напиша Оливера на Инстаграм.
Таа истакна дека оваа одлука ја донелесе заедно мислејќи на нивната ќерка Теона која се роди пред 3 месеци.