Радио Милева

Познатиот пејач за влакно ја избегнал смртта во пожар во дискотека

Познатиот пејач за влакно ја избегнал смртта во пожар во дискотека

Пејачот Халид Беслиќ  за влакно ја избегнал смртта во една непријатна ситуација во Линч, кога била запалена дискотеката на свршеницата на Вук Моб.

„Дојде непознат човек, кој подоцна го видовме на камерите. Влезе на споредниот влез, на тој влегуваат големите ѕвезди кои настапуваат во таа дискотека. Халид Беслиќ имаше проба бидејќи вечерта треба да настапува. Халид во дискотеката се задржа до 21 часот, а по 25 минути имаше пожар. Можеше да дојде до уште поголема трагедија“ вели извор.

фото: дамир дервишагиќ

Имено, драмата се случила пред дискотеката да биде отворена за посетителите, а во пожарот има едно повредено лице.

„Изгоре целата дискотека. Човекот ја полеа дискотеката и ја запали. Со него имаше и соучесник. Експлозијата беше на делот каде беше осветлувањето и пултот за диџеј. Во таа прилика на напаѓачот му е повредена ногата и е префрлен во болница“ вели изворот.

Изворот тврди дека не изгорела само дискотеката, туку дека била зафатена и зградата.

Штетата за дискотеката се проценува околу 1 милион евра.

 

To top