Пејачот Џастин Картер почина за време на снимањето на спотот во Тексас.
На пејачот случајно му испаднал куршум додека пиштолот му бил во рака. Џастин случајно си пукал во окото со пиштолот кој бил наменет за снимањето, пренесуваат странските медиуми.
Џастин починал вчера, а на социјалните мрежи се огласи неговиот тим.
„Џастин имаше потенцијал, многу луѓе во него видоа наследник на Герт Брукс“ изјави Марк Атертон, менаџерот на пејачот.
На „Инстаграм“ се огласи и мајката на пејачот.
„Музиката му беше цел свет“ изјави таа.
Последниот спот на Џастин беше објавен пред две недели, а во видео записот ја има и сцената со пиштолот.