Пејачот Ар Кели во средата е осуден на 30 години затвор за сексуално злоставување жена, девојчњ и момче, 20 години откако се соочи со првите обвиненија, пишува The Guardian.
Тој беше прогласен за виновен во септември минатата година за рекетирање и кршење на законот на Ман, кој забранува превоз на луѓе преку границите „за каква било неморална цел“. Обвинителството потоа го осуди на најмалку 25 години затвор.
На судењето жртвите детално опишале како Кели ги подложувална перверзни и садистички моменти, дури и кога биле малолетни.
Неколку од нив рекоа и дека пејачот барал да се почитуваат строги правила, како да бара дозвола од него кога сакаат да одат во тоалет или да јадат, но и да напишат „писма со извинување кои треба да го ослободат од неправдата“.
Судијката на Окружниот суд на САД, Ен Донели, ја изрече казната во судницата во Бруклин, откако неколку жртви на Кели луто му се обратија на осудениот за сексуален престапник на сослушувањето.
Една од жртвите рече дека до ден денес „го враќаат идентитетот“, и дека повеќе не се „личности кои биле жртви како порано“.
„На толку луѓе им ги уништи животите“, стои во изјавата на жртвата Лизет Мартинез, пренесува споменатиот медиум.
фото:Shutterstock/EPA