Атрактивните девојки од групата „Ураган“ привлекоа големо внимание како во регионот, така и во Европа, настапувајќи на како претставнички на Србија на годинешната Евровизија. Така, русокосата Ивана Николиќ му го привлече вниманието и на славниот рапер Flo Rida.
На нејзиниот Инстаграм се појави нивна заедничка слика, но и неколку лајкови на американскиот рапер на другите објави на сексаспилната пејачка. Сега таа откри дека останале во контакт, но и оти тој и е напишал „дека се вљубил во неа“.
„ Признавам дека останавме во контакт, тој веднаш ме засследи на Инстаграм, а јас закачив фотографија со него. Го пофалив и него и неговата работа, на што тој ми возврати дека е заљубен во мене. Фло беше воодушевен од нашата песна и ја научи напамет“ – тврди Ивана. Русокосата додаде дека и таа „одлепила по него“.
„Му реков отворено: „И јас се заљубив во тебе“. Се шегувам малку, но момчето е навистина убаво, симпатичен е и привлечен. Тој е тотално нормално момче. Јас навистина би сакала да дојде овде кај нас во Србија и да го печекам како што треба. Би го однела на нашите сплавови, во српските кафеани. Ќе му дадам да проба ракија. Доаѓањето во Србија би било незаборавно за него, ќе му приредам дочек и провод да не му се враќа дома. Како и на сите светски лица кои сакаат да се вратат повторно назад, откако еднаш ќе дојдат во Србија“ – додаде Ивана.
Фото: Инстаграм принтскрин/ivana_boom_nikolic/official_flo