Радио Милева
ни јаде, ни пие, ни мрда...

Познатиот македонски музичар и скопски угостител покажа како се чува „егејско животинче“! (ФОТО)

Познатиот македонски музичар и скопски угостител покажа како се чува „егејско животинче“! (ФОТО)

Корона пандемијата кај нас не минува, амa власта и покрај тоа аминува да се олабават мерките, отворат кафеаните, пуштат слободнио да шетаат граѓаните… И додека сите сме во исчекување што ќе се случи откако по двоиполмесечниот принуден „куќен притвор“ ќе удриме на „колективна социјална дружба“, естрадните уметници загреваат прсти и грло, зашто конечно ќе почнат да имаат работа, бидејќи одново им ги отворија и работните места – кафеаните!

Угостителите веќе ги подготвија своите локали за денешното отворање (28 мај 2020), па познатиот македонски музичар, воедно и скопски угостител Трајче Толевски од групата „Скопски боеми“ има причина за двојна радост! Дупла среќа – што би ртекле! Затоа и со песна тргна да ја подготвува својата кафеана за пуштање во промет. Но, најпрвин и најважно од се ‘ е хигиената, па затоа довитливиот Трајче се досети како најдобро и најефикасно да ја дезифинцира опремата во својот угостителски локал.

Идејата веројатно му дојде од перењето автомобил, па музичарот го грабна шмркот в рака и под висок притисок во „низок лет“ ја збриша и најмалата можност за коронота да може да припари во неговата кафеана.

А кафеаната со месеци затворена, можноста за музицирање и свирки по тезги исто толку време сведени на нула, па она што се заштедило беше вложено во преживувачка, но и да се обнови она од што се живее. За домашните мора да има, а за домашните љубимци… кога ќе дојде време.

Имено, на Трајче му остана само кучешката куќичка, а куќен љубимец… Здравје Боже, во подобри денови… До тогаш „вештачка замена“. Далеку од тоа дека е исто, ама… Барем да не стои куќичката празна. До  душа, тоа е исто како кога жена наместо маж, за задоволство ќе користи сексуално помагало, ама… Подобро нешто, отколку ништо!

Тргнувајќи по таа логика и итриот Трајче си набавил и го сместил во куќичката својот гумен миленик – играчка! Па му дал дури и интересно име, или барем назив: „Егејско животинче… Ни јаде, ни пие… Ко ќе се опоравиме, ќе купиме друго што мрда“  – напишал музичарот покрај фотографијата. А за тоа како го нарекол…? Веројатно инспириран од вицот за тоа, кое е омилено домашно животно на Влаот? Одговорот е – жирафа! Ти ја чуваш, а се храни од кај комшијата!

Епа, аирлија одново работа… маестро! Да има ем заработка ем бакшиш, па што побрзо да почне „да ти мрда“… Тоа што ти лежи во куќичката!

Останати вести од Радио Милева