Стефан Лазаров е пред денот кога тој и неговата вереница Марта ќе го кажат судбоносното ДА.
Познатиот јутјубер во септември минатата година ја запроси својата долгогодишна девојка на мошне обичен начин, но на мошне невообичаено место, на стадионот Камп Ноу во Барселона, а оттогаш полека се подготвуваат за денот кога и пред државата и пред Бога ќе се заколнат на вечна љубов, односно денот на гочллемата свадбена веселба.
Како што е редот Марта со своите најблиски пријателки ја прослави својата моминска вечер, односно имаше момински викенд во една вила во Белград, Србија.
View this post on Instagram
Но и покрај многуте подготовки на идниот брачен пар, Лазаров како да е во дилема за едно нешто, кое се чини и нему до крај не му е јасно. Познатиот јутубер ситно брои до свадбата, ама затоа е во крупни прашалници: Лазаров се’ уште не знае, дали Марта ќе го земе неговот презиме?
Можеби затоа и се’ уште не открил и не се пофалил дали неговата идна сопруга ќе го носи неговото презиме или ќе го задржи своето? Или можеби ќе оди на комбинација кон едното да го додаде другото?
Останува во периодот кој следи да ја дознаеме вистината, дали Лазаров тоа ќе го соопшти пред или по свадбата, откако сите веќе ионака ќе знаат, како во иднина неговата Марта ќе се презива!?
Фото: Инстаграм принтскрин/_lazarovv/__qmarr__