Популарната хрватска пејачка Нина Бадриќ откри интересен детаљ од нејзиниот приватен живот.
Таа вели дека холивудскиот актер Кевин Костер сакал да ја изнесе на вечера.
-Така е тоа кога си дете. Тогаш имав 25, 26 години. Бев на една гала вечер и доделување на награди во Монте Карло. Кевин Костер ме покани на вечера, а јас мислев дека е шега“ вели таа и додава”
-Toa е така кога си млад и кога немаш самодоварба. Си помислив: „Ма ајде, од сите жени мене баш ќе ме покани на состанок“, вели Бадриќ.
Таа откри дека тоа се случило во времето кога се снимал филмот „Телохранител“.
„Ме виде во еден клуб и го прати неговиот асистент кој цела ноќ инсистираше. 500 пати ме праша дали сакам со него на вечера. На крајот ми се приближи една новинарка од Белград која ме праша: “Што ти е тебе Нина?. Јас тогаш бев заљубена во еден идиот од Загреб. Кога му кажав на неговиот асистент дека имам момче, тој ме погледна и ми се заблагодари. Којзнае што си мислел во главата“, истакна Нина.
„Да можам да го вратам времето сигурно би одела на вечера со Кевин“, вели хрватската пејачка.
фото: бадриќ/инстаграм/профимедиа