Аца Софронијевиќ за време на гостувањето во една емисија раскажа дека на свирка кај легендата Шабан Шаулиќ свирел 23 часа.
Познатиот хармоникаш Александар Аца Софронијевиќ зборуваше за забавите на кои свири, а кои понекогаш знаат да траат и повеќе од 10 часа.
– Па пријателе. Слава на Шабан Шаулиќ! Првата слава што ја свирев. Почнавме во 19 часот, а колегите ги пуштив дома во 11:30 часот.И свирев до 17:30. Потоа тој и неговиот кум Коле отидовме во Синѓелиќ на ручек и вечера во 6, а јас дојдов дома во 9.Значи ми порасна брадата, се сеќава Аца.
View this post on Instagram
Сепак, како што вели познатиот хармоникаш, тоа искуство му било едно од најубавите и дека му било големо задоволство што е во друштво на легендарниот Шабан Шаулиќ:
– Беше задоволство да се биде во негово друштво. Уште ти пее. Тоа се сите луѓе кои знаат и сакаат да уживаат. Кога ќе го земе микрофонот околу 6, 7 часот наутро, тоа е навистина посебно – заклучува Софра.
фото: Instagram printscreen/ sofronacc