Радио Милева
од баналност до хаварија

Познатиот фолк пејач брутално претепан во Нови Пазар: Лепи се степал со комшијата за паркинг место, па го извлекол подебелиот крај

Познатиот фолк пејач брутално претепан во Нови Пазар: Лепи се степал со комшијата за паркинг место, па го извлекол подебелиот крај

Познатиот пејач Реџеп Реџеповиќ попознат како Лепи е претепан во Нови Пазар, а како што пренесуваат локалните медиуми, немилиот инцидент се случил во неделата навечер, на 2-ри април 2023 година.

Причина за расправијата која резултирала со физичка пресметка е паркинг место, пренесува српски Телеграф.

Имено, пејачот се скарал со соседот кој ќе се паркира на слободното паркинг место, по што најпрвин паднале навреди, а набргу потоа започнала и тепачката во која Лепи очигледно го извлекол подебелиот крај.

Инаку, Реџеп Реџеповиќ Лепи се прослави со хит песната „Иза облака“ која беше објавена далечната 2011 година, а денес има речиси четири милиони прегледи на Јутјуб.

Фото: Јутјуб принтскрин

Останати вести од Радио Милева