Радио Милева со последици од ковид - 19...

Познатиот естраден менаџер и кум на Жељко Јоксимовиќ го победи коронавирусот, но остана нем: Бане Обрадовиќ не може да зборува?! (ФОТО)

Познатиот естраден менаџер и кум на Жељко Јоксимовиќ го победи коронавирусот, но остана нем: Бане Обрадовиќ не може да зборува?! (ФОТО)

Кумот на  пејачот Жељко Јоксимовиќ, познатиот естраден менаџер Бана Обрадовиќ, го напушти Клиничкиот центар на Србија, каде му беше дијагностициран Ковид-19 поради што лежеше со тешка пневмонија, а последните две недели беше сместен во одделот за пулмологија.

Тој штом дошол дома кај семејството, веднаш им испратил порака на пријателите дека се чувствува добро, дека е многу подобар со здравјето, но дека сè уште не може да зборува  затоа што нема глас.
Неговата сопруга Јована и неговите синови, но и пријатели, како и повеќето пејачи кои соработувале со Обрадовиќ, биле цело време или покрај него или му давале поддршка, храбрејќи го.

Средниот син на Обрадовиќ, исто така, бил позитивен на коронавирусот, но за среќа неговата состојба не била сериозна. Тој кратко време бил во привремената болница на белградското сајмиште, по што бил пуштен на лекување во домашни услови.

Тестиран е и најстариот син, додека сопругата на Бане, како и најмалиот син, немале никакви симптоми на вирусот.

To top