Радио Милева некогаш и сега

Познатиот Боба од „Жикина динистаја“ некогаш беше тинејџерски идол, а денес е некој сосема друг, тотално непрепознатлив лик (ФОТО)

Познатиот Боба од „Жикина динистаја“ некогаш беше тинејџерски идол, а  денес е некој сосема друг, тотално непрепознатлив лик (ФОТО)

Познатиот Бобa што  го паметите од филмовите „Луди години“, „Дошло доба љубовта да се проба“, „Каков дедо, таков внук“, „Иди ми, дојди ми“, серијалот „Жикина династија“, сега изгледа сосема поинаку. Тој оддамна се повлече од јавноста, никогаш не стана познат актер и денес е дедо, односно има внука!

„Имам рекламна агенција и со години го работам овој бизнис. Направивме разни реклами. Среќно сум оженет, имам две деца, синот Игор и ќерката Ана. Обајцата завршија факултет, обајцата се во брак, јас станав дедо. Мојот син ми дари внук“ – рече поранешниот актер во изјава за српски „Блиц“ и призна дека во моментов не го интересира ништо друго освен неговиот внук.

„Немам можност често да уживам во негово дриуштво затоа што мојот син и снаа живеат во Загреб, но сега тие се во Белград и заедно минуваме убави моменти“ – рече своевремено Петровиќ.

Некогашниот актер претходно изјави дека не жали што не останал во светот на глумата и дека е задоволен од изборот што го направил.

„Не сум сигурен дека тоа би била работа што ќе ме исполни. Во основа, го претворив хобито во моја главна професија, така што го правам она што го сакам. Јас не се гледам себеси во тој свет“ – рече некогаш популарниот Боба од серијалот „Жикина династијата“.

Фото: Владимир Петровиќ/РАС Србија

To top