Радио Милева срамежлива...

Познатиот актер проговори за бакнежите со Милица Павловиќ: „И беше многу непријатно“

Познатиот актер проговори за бакнежите со Милица Павловиќ: „И беше многу непријатно“

Актерот Милош Тимотијевиќ важи за еден од најбараните актери, а во последните три години се појави во најпопуларните серии – „Јужни ветар“, „Певачица“ и „Беса“.

Во серијата „Певачица“ тој глумеше со пејачката Милица Павловиќ. Милош сега откри детали од снимањето и како изгледале сцените кога требало да се бакне со пејачката.

Имено, Милица во една прилика изјави дека Тимотијевиќ ја бакнал на измама.

-Дека ја бакнав Милица на измама е нејзино гледање на работите. Не ја обвинувам поради тоа бидејќи од нејзина перспектива тоа така изгледа. Јас не ја измамив.Милица не разбирам како финкуционира актерското и не сфаќа дека треба да се случи она што го пишува во сценариото. Кога режисерот кажа: „ Е овде можеби треба да се бакнете“, неа ја фати паника. Пробавме, но не можеше да помине преку тоа. Јас не ни тргнав да ја бакнам, а таа се блокираше. Едноставно не е професионалец и ја разбирам. Отидов во режија и им кажав: „Заборавите на сė, сега кажете и дека нема да има бакнеж“. Ме прашаa: „Па, што ќе направиш?“. „Само така кажете“ – им одговорив. Кога и кажаа, таа веднаш се опушти, тргнав да снимаме и јас ја бакнав. И тоа беше тоа. Тоа е трик, но не е измама. Потоа врескаше, и беше многу непријатно. Имавме два, три бакнежи и по секој бакнеж врескаше колку и беше непријатно, изјави актерот.

фото: Зоран Илиќ/рас србија/принтскрин/инстаграм

To top