Радио Милева

Познати детали за самоубиството на Кит Флинт: „Го видов неколку часа порано“

Познати детали за самоубиството на Кит Флинт: „Го видов неколку часа порано“

Кит Флинт си го одзел животот со бесење, пишува британскиот „Дејли мејл“. Фронтменот на „Продиџи“ го извршил самоубиството во недела, а неговото безживотно тело го пронашол еден од вработените на имотот во Есекс.

Британскиот медиум наведува дека неколку часа пред самоубиството, Филит бил виден во еден локал на ручек и дека бил одлично расположен.

Британските новинари дошле до сознание дека пред самоубиството и се јавил на својата сопруга Мајуми Каи, која го оставила пред неколку месеци, и ја молел да му се врати.

Еден од гостите во ресторанот каде Флит ручал вели дека пејачот бил добро расположен и дека зборувал за тоа како тедовно трча и вежба.

-Се смееше и зборуваше со тренерот за неговото константно вежбање. Изгледаше радосно и гордо. Не можам да верувам дека се убил по неколу часа откако го видов, вели очевидецот.

To top