Јелена Докиќ призна дека се обидела да се самоубие.
Јелена Докиќ утрово проговори од Мелбурн со порака која вознемири многумина. Поранешната тенисерка, која неодамна ја прекина долгата љубовна приказна со Тино Бикиќ, повторно минува низ тежок период, а според сопственото признание – пред неколку недели се обидела да се самоубие. За среќа, навреме сфатила дека тоа не е решението.
– За малку ќе скокнев од 26 кат и си го одзедов животот – ја започнува исповедта Јелена, австралиска тениска ѕвезда со српско потекло, која долго време се бореше со психички проблеми.
– Никогаш нема да го заборавам тој ден. Сè беше во магла. Сè беше темно. Ниту тон, ниту слика, ништо немаше смисла… Само солзи, тага, депресија, анксиозност и болка. Последните шест месеци беа тешки. Цело време плачев. Додека работев се криев во бањата, никој да не ме види како ги бришам солзите. Кога бев дома, меѓу четирите ѕида, толку многу плачев што беше неподносливо.
-Тагата и болката наизменично се менуваа, тие чувства не ме напуштаа. Животот ми беше уништен. Се обвинував себеси, мислев дека не сум достојна за љубов, се исплашив. Но, во исто време бев свесна дека има многу работи за кои треба да бидам благодарна. И се мразев себеси што не сум благодарна, затоа што очигледно не бев, штом сакав се да убијам. Резултат: На 28 април за малку ќе скокнав од балконот на станот на 26 кат. Само сакав да престанат болката и страдањето. Стоев на работ, не знам ни како стигнав до таму. Но, побарав стручна помош и тоа ми го спаси животот.
Во продолжение Јелена открива дека не и е лесно додека го пишува сето ова:
– Отсекогаш сум бил отворена и искрена со вас и длабоко верувам дека споделувањето вакви приказни ни помага да ги поминеме тешките времиња. Знам дека не сум единствена што се бори. Знајте дека не сте сами. Не можам да кажам дека сега сум добро, но дефинитивно сум на пат кон опоравување. Некои денови се добри, понекогаш правам чекор напред, понекогаш чекор назад, но се борам и верувам дека ќе го поминам ова.
View this post on Instagram
– Не плашете се од она што го чувствувате. Само продолжете да верувате, да се борите. Ќе преживеете, повторно ќе ја видите светлината на новиот ден. Ве сакам сите. Ќе се вратам посилна од било кога – изјави Јелена на крајот од приказната која утрово го шокираше светот. Но, таа не е сама, што може да се прочита од неколку стотици коментари полни со поддршка и љубов.
фото:Инстаграм/Гети Имиџис