По повод апсењето на старлетата Тијана – Ајфон за организирање проституција, која со уште три други девојки со чамец илегално ја минала границата со Босна за да одат на една секс забава, се огласи и познатата српска манекенка Ивана Станковиќ, која нагласувајќи дека не сака да ги поистоветуваат овие две категории: старлета и манекенка, на својот Инстаграм профил напиша:
„Ете, сега барем го знаеме вистинското значење на зборот „старлета“ на овие простори… Размислувам за нешто … Колку треба да си болен во умот, колку „силен“ стомак да имаш, колку да си без душа и емоции, да избереш дваесет и шест веројатно грди, стари, мрсни, гнасни, смрдливи и на крајот непожелни мажи да ти прават, знаете веќе што? И сето тоа за да можеш да си дозволиш себеси парталчиња и други глупости … Сега разбирам, откако го прочитав ова, зошто повеќето проститутки се на дрога. Како поинаку да се справат со тоа? Па, ако немав леб да јадам, не дај Боже, јас ќе чистев тоалети во рестораните, ќе мијев садови, ќе шетав кучиња… и ќе носев фустан купен од Кинезите, ќе се бакнувам на клупа со некој кој ме сака, иако немаме пари да одиме во кафе. И така ќе спиешв среќна. Барам новинарите и луѓе од медиумите да го отстранат зборот „старлета“ од употреба за овие или, не дај Боже фотомодел. Проститутки. Тоа е вистинскиот збор“ – напишала Ивана.