Радио Милева лута на себе

Познатата пејачка си ја отвори душата: „На 11 години гледав филмови за возрасни, тоа ми го уништи мозокот“

Познатата пејачка си ја отвори душата: „На 11 години гледав филмови за возрасни, тоа ми го уништи мозокот“

Пејачката Били Ајлиш добитничката на Греми наградите  проговори за зависноста од гледање на порнографија на нејзините 11 години и дека тоа и предизвикало кошмари и создало конфузија кога започнала да излегува со момчиња.

-Некогаш гледав многу филмови за возрасни. Почнав да гледам кога имав 11 години, изјави пејачката и додаде дека тоа и помогнало да се чувствува како „единствена фаца“.

-Мислам дека тоа ми ги уништи мозокот и се чувствувам уништено бидејќи толку гледав филмови за возрасни, вели таа и истакна дека страдала од несоници бидејќи некои од содржините биле насилни.

Били изјави дека е лута на себе бидејќи мислела дека е во ред да гледа филмови за возрасни.

-Првите неколку пати кога имав интимни односи, не кажав „не“ на работите кои не беа добри. Тоа беше така бидејќи мислев дека тоа е она што треба да ми се допадне, изјави таа.

Ајлиш која својата кариера ја започнаа носејќи широка облека за да луѓето не го коментираат нејзиното тело, на 18 години стана најмлада личност во историјата која освои 4 „Греми награди“.

фото: Профимедиа

To top