Сенида Хајдарпашиќ, попозната како Сенидах, добила шлаканици пред познат ноќен клуб во Австрија, каде што требала да настапи! Добро информиран извор од местото на настанот, кој исто така бил присутен на инцидентот, словенечката ѕвезда со босанско потекло пред да излезе на сцената била изнесена надвор за да разговара со луѓето кои ја чекале да ги реши проблемите што ги имале претходно.
– Сенида дојде на време и замина зад сцената, во бекстејџот. Немаше индикации дека таа вечер ќе има инцидент или некаков скандал. Можеби половина час пред да почне да пее, на влезот од клубот застанал луксузен автомобил со босански регистерски таблички. Еден човек од тој автомобил отишол до влезот од зад сцената и ја повикал веднаш да излезе. Таа го направила тоа и им рекла на другите дека ќе се врати брзо, штом ќе заврши со разговорот. Кога излегла, тој човек и удрил шлаканица. Сенида била толку збунета што не можела ни да реагира. Почнал да и вика дека се прави многу паметна и дека многу добро знаела дека и е забрането да пее. Таа се обидувала да му објасни нешто, но не можела да најде зборови. Тој ѝ удрил навистина силни шлаканици и тоа два-три пати. Ликот и рекол дека ова и е последно предупредување и дека веднаш треба да оди да им каже на сопствениците на клубот, кои се од некогашните екс ЈУ краишта, дека таа вечер нема да може да пее и дека не се чувствува добро. Така и направила, а потоа се исплашила и заминала со „тепачот“ со автомобилот“ – истакнал тогаш очевидецот соговорник, а потоа објаснил дека по неколку дена пејачката стапила во контакт со луѓето од клубот и го вратила капарот.
Но еве зошто се појавил проблемот: Без знаење на тие луѓе, Сенида сама го организирала тој настап во Австрија. Дознале за тоа и веднаш направиле хаос. Австрија е полна со луѓе од регионот, сите се поврзани и ретко што може да се сокрие. Многумина од нив живеат во оваа земја и потребна е само покана некој да дојде и да го реши проблемот на свој начин. Бидејќи однапред земала дел од парите, по неколку дена ги вратила парите и уште еднаш се извинила што им направила непријатност на гостите кои дошле да ја слушаат вечерта. Таа ветила дека во првата прилика повторно ќе дојде во тој клуб штом ја среди ситуацијата. Таа вечер наместо неа, диџејот пуштил музика, а на разочараната публика ѝ кажале дека на Сенида одеднаш и се слошило и не можела да се појави на сцената“ – заклучил соговорникот.
Да потсетиме, своевремено се пишуваше дека Сенида добивала закани кога решила да го смени тимот на соработници, меѓу кои биле Буба Корели и Јала Брат, кои ги поврзауваа со таканаречената естрадна мафија.
Фото: Инстаграм/senida_h