Актерката Никол Кидман традиционално позираше за насловната страница на холивудскиот магазин „ Vanity Fair“, а друштво и правеа Идрис Елба, Пенелопе Круз, Кристен Стјуарт, Бенедикт Камбербарч, Симу Лиу, Ендру Гарфилд.
На групната фотографија Никол позирала во тесен, црвен фустан со длабоко деколте и длабок прорез, но многу повеќе внимание привлекла фотографијата на која таа позира сама, поради сите фотошоп-грешки.
Имено, познато е дека актерката има витко тело кое го одржува со танц. Овој пат позираше во дводелен комплет на брендот „Miu miu“, а со фотошоп и додале плочки на стомакот, па нејзиното тело изгледа издолжено.
„Никол има прекрасно тело, ова не е нејзиното тело“, „Ова е толку лош фотошоп што жената изгледа како од лик од цртани филмови“, „Таа секогаш е елегатна, но овде изгледа безврска“, „Што е ова, зошто, не разбирам“, „Не вреди да се коментира колку има фотошоп бидејќи личи на анимиран лик отколку на вистинска жена“, се само некои од коментарите.
View this post on Instagram
Во интервју за магазин Никол зборувала за улогата на Лусли Бол во филмот „Being The Riccardos“ за која е номинирана и за Оскар.
„Делови од телото често не знаат која е разликата меѓу улогите и реалниот живот. Почнав да сфаќам дека морам повеќе да се грижам за себе“, рекла Никол која се разболела и по снимањето на серијата „Big Little Lies“.
Фото: Инстаграм/diet_prada/vanityfair/профимедиа