Оскаровката Хилари Свонк гостуваше во американското шоу „Добро утро Америка“, и по тој повод ја откри прекрасната вест – дека ќе стане мајка на близнаци.
“Ова е нешто што го чекав долго време, следното нешто што ќе ми се случи е да станам мајка. И тоа не на едно дете, туку на близнаци”, рекла таа, пренесува „Pagesix“.
Двократната оскаровка рече дека се чувствува одлично, но се пошегува дека целата нејзина облека почнала да се стега. „Ова е голем благослов и апсолутно чудо“, заклучи таа.
На Хилари ова и е втор брак, а со љубовта на својот живот се омажи во 2018 година.
“Да се омажам за човекот од соништата покрај сите луѓе кои нè сакаат. Тоа беше остварување на мојот сон”, изјави таа еднаш за венчавката која се одржа по две години љубов.
Нејзиниот прв сопруг бил нејзиниот колега Чад Лоу, кој го запознала на снимањето на филмот „Тивки денови во Холивуд“, а се венчале во септември 1997 година. На почетокот на 2006 година се дозна за разводот.
Откако една година подоцна беше финализиран разводот, актерката почна да се гледа со нејзиниот агент Џон Камписи, со кого помина пет години.
Во март 2016 година, таа ја потврди свршувачката со финансискиот советник Рубен Торес, кој некогаш беше професионален тенисер. Парот никогаш не стигна до олтарот, а потоа во нејзиниот живот влезе Филип Шнајдер.
.@HilarySwank is going to be a mom of TWO!
Congratulations! ❤️ https://t.co/kWY5S6eOU4 pic.twitter.com/kzuG8NkpdF
— Good Morning America (@GMA) October 5, 2022
Фото:Принтскрин/Профимедиа