Мегафон
летни фестивали

Позната програмата на „Д фестивал 2018“

Позната програмата на „Д фестивал 2018“

„Д фестивал“, кој ќе се одржува од 6 до 8 јули во Дојран, е единствениот летен музички фестивал на отворено во Македонија, кој во својата тридневна музичка програма, покрај „Архангел“ веќе ги потврди и настапите на бројни музички ѕвезди од светската, регионалната и домашната сцена како што се Пол ван Дајк, „Смат“, „Соник спишис“, „Ху-си“, „Трап да фак-ап“, Френки, „Културно уметнички работници“, „Бркови“, „Хелем нејсе“, „Коала војс“, „Палиндром“, „Конспираси“, „Ки“, „Последен удар“, „Ар-Џи-Би“, „Кат јор нипл“, „Ана О“, „Мен ин а сјут“, „Ридјусд ту ешис“ и уште многу други кои наскоро ќе бидат објавени.

Покрај музичката програма која се одвива паралелно на четири фестивалски бини, „Д фестивал“ секоја година подразбира и раскошна разновидност на настани и случувања во дополнителната програма во ПлоштАРТ зоната и фестивалскиот камп, која вклучува филмски проекции, уметнички изложби и инсталации, работилници, дискусии, спортски активности и мноштво забавни содржини.

Освен тоа, покрај веќе најавените артисти, ова лето на Д фестивал“ во Дојран се очекуваат уште голем број музички изведувачи чии настапи ќе ја исполнат програмата на четирите бини на фестивалот, но и подеднакво атрактивна и обемна листа на специјални гости и учесници во дополнителната програма.