Јелена Карлеуша важи за една од најинтригантните личности на српската јавна сцена.
Без разлика дали станува збор за нејзиниот приватен или професионален живот, Карлеуша секогаш знае да биде во центарот на вниманието.
Астрологот Душан Величковиќ гостувајќи во емисијата „Гранд магазин“ откри дека следната година може да издаде многу добар албум.
Што се однесува тој нејзиниот приватен живот тој вели:
„Таа го живее животот како што сака. Таа е една голема девојка, таа никогаш нема да биде баба. Таа 10 години изгледа помладо од нејзините години. Карлеуша е мотив на многу жени во нејзините години. Таа е премногу своја за да на некој му се објаснува“ вели астрологот.
На прашањето дали прогнозира развод, тој вели:
„Не, не реков развод, таа е премногу своја. Таа е лав, односно центар околу кој се случува нешто“.
Што се однесува до Цеца Ражнатовиќ и нејзиниот приватне живот, Владимир вели:
„Нема да најде дедо, тој си замина, но ни неа не и лесно.За да најде некој кој ќе и парира, тој мора да е многу посилен и поуспешен. Не познавам таков кој ќе биде покрај неа“ вели астрологот.