Радио Милева позитивни вибрации

Позитивна мисла и елегантно здолниште за Добро утро: Александра Пановска Илиевска знае како да ги шармира гледачите и нејзините следбеници (фото)

Позитивна мисла и елегантно здолниште за Добро утро: Александра Пановска Илиевска знае како да ги шармира гледачите и нејзините следбеници (фото)

Шармантната водителка Александра Пановска Илиевска имаме прилика да ја гледаме во утринската програма на Канал 5 телевизија.

Таа секогаш  одлично се наоѓа во се’, па за неа раните утрински часови не претставуваат никаков проблем, бидејќи  професионално си ја врши  работата,  секогаш подготвена да ги известува гледачите за новите и актуелни случувања.

Александра често ја гледаме во елегантни комбинации кои одлично и прилегаат, а нејзиниот имиџ  и изглед еволуираше со текот на годините. Таа експериментираше со нејзината фризура, но и со стилот на облекување. На почетокот на нејзината кариера се појави со шишки и бели прамени,  но, како што ги менуваше телевизиските  фреквенции се менуваше и таа самата.

На социјалните мрежи позитивната водителка со нејзините следбеници најчесто споделува фотографии од работното место односно од студиото, но, знае да сподели и по некоја семејна фотографија.

Овој пат во преден план  ги покажа елегантно разголените и прекрстени нозе и со широка насмевка на лицето  им посака добро утро на гледачите испраќајки им позитивни вибрации со мислите зад утринскиот часовник, па напиша:

„Само една мала позитивна мисла наутро може да ви го промени целиот ден“ – споделила Александра цитирајќи го тибетскиот будист Далај Лама.

Заводлива и неодолива, водителката го привлече вниманието и доби лавина лајкови и срциња од нејзините фанови.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Алексаандра Пановска Илиевска

 

To top