Меган Маркл и Хари на „Денот на вљубените“ открија прекрасни вести односно дека ќе станат родители по вторпат, а сега се појавија и првите фотографии од бремената Меган.
Имено, на Инстаграм профилот на нивниот пријател кој е фотограф се појави црно бела фотографија од Хари и Меган со трудничкото стомаче.
Со нив радоста ја дели и кралицата Елизабета која реагираше на вестите дека Меган повторно е бремена.
Во официјалната изјава од Бекингемската палата, кралицата, принцот Филип, принцот Чарлс и други споделија дека се радосни поради убавите вести.
„Нејзиното Височество, војводата од Единбургха, принцот од Велс и целото семејство се воодушевени и им посакуваат добро“, пишува во обраќањето на кралскиот двор.
Исто така се наведува дека кралското семејство е известено за приновата пред јавната објава.
Инаку парот се уште не го откри полот на бебето и кога треба да се породи.