Поп дивата Мадона (65) дефинитивно живее уште една младост!
Мадона љубовта ја бара исклучиво во прегратките на мажите кои по години се повеќе слични на нејзината ќерка Лурдес.
По раскинувањето со моделот Ендрју Дарнел (23), американските таблоиди нашироко шпекулираа дека пејачката среќата ја нашла со боксерскиот тренер Џош Попер (29).
Понатаму се вели дека Мадона го запознала Попер кога го донела едно од нејзините шест деца на тренинг во неговата теретана.
А гласините дека има нешто помеѓу пејачката и спортистот ги подгреа самиот боксер кога објави фотографија со поп ѕвездата. На фотографијата се гледа како Мадона го бакнува рамото на Џош и го држи неговиот бицепс.
Инаку, пред Попер, Мадона накратко излегуваше со Дарнел, за да го преболи раскинувањето на тригодишната врска со танчерот Ахламалик Вилијамс, кој беше 35 години помлад од неа.
Да потсетиме дека неодамна, одговарајќи на прашања од обожавателите, Мадона го спомна сексот како нејзина омилена опсесија, но и тајната на успехот, нејзината животна мантра и чинот што ја тера да турка напред во животот. Таа исто така додала дека ако мора да носи една работа до крајот на животот, тоа ќе биде нејзиниот ѓердан од 24-каратно злато, кој може да се искористи како секс играчка или вибратор.
фото:Инстаграм прнтскрин/Мадона/Тик Ток