Своевремено Вера Мештеровиќ започна како балерина и играорка, а заврши на модната писта, меѓу манекенките, моделите и мисиците, во светот на модата и убавината.
Некогашната учесничка на домашните и македонска претставничка на меѓународните избори за убавина и балкански амбасадор на убавината, денес е посветена мајка.
Но, некогашната мисица, манекенка и модел, чија прва љубов се балетот и фолклорот кој и е во срцето и до ден денес, повторно и се враќа на модата и убавината, само сега не еден поинаков начин.
Вера Мештеровиќ е ексклузивен промотор и манаџер на козметиката на еден светски познат бренд, а нејзините телесни квалитети, совршено зачуваната линија и младешкиот „бејбифејс“ изглед и даваат можност и покрај паузата да продолжи таму каде што застанала.
Така, по неодамнешното учество како главен лик во видеото за новата песна „Нешто ме гони“ на култната српска група „Галија“ каде ја гледаме во нејзиниот препознатлив изглед и имиџ, одеднаш на социјалните ,мрежи осамнаа сосема поинакви фотографии.
На нив, долгоногата убавица променета до непрепознатливост. Од бринета со тинејџерски изглед и имиџ, трансформирана во садо-мазо блондинка! Стегната во секси „пуш ап“ корсет, Вера изгледа за неверување. Од слатка мала „лолита“, преобразена во „домино дама“!
Но, сепак тоа е само навидум… Зашто имиџот и новата боја на косата се строго наменски. За потребите на едно друго, ново видео од „фабриката за видеоилузии“ на фотографот и режисер на видеоспотови Дарио Јанковиќ, кој ја ангажирал Вера во новиот проект. Музички спот или рекламно видео – останува допрва да дознаеме!?
Ваше е засега само да процените дали повеќе ви се допаѓа оваа или онаа – старата, Вера Мештеровиќ?