Коронавирусот беше потврден при рутински тест во Торино од член на португалската делегација на „Евровизија“.
Имено, остатокот од португалската делегација засега се чувствува добро и не покажува никакви симптоми, јавуваат локалните медиуми.
Во согласност со здравствениот и безбедносен протокол, сите направија уште еден PCR тест, се вратија во хотелот и сега ќе бидат изолирани 7 дена.
Деталите за опоравувањето и тестовите ќе бидат објавени на официјалната веб-страница на Евровизија 2022, се наведува понатаму.
Според Протоколот за здравје и безбедност на сила за Евровизија 2022 година, остатокот од делегацијата не е обврзан да влезе во изолација или карантин, но, според италијанскиот закон, мора да носи маски FFP2 во секое време, и внатре и надвор.
И минатата година на Евровизија кога короната имаше поголема сила, една од земјите учеснички,одосно тимот на Исланд беше во изолација и не успеаја да настапат на сцената.
фото:јутбуб принтскрин/eurovision song contest