Мегафон

Повик за протест на музичарите и музичката индустрија

Повик за протест на музичарите и музичката индустрија

Почитувани колеги музичари, ние со неверување ги проследивме вестите на кои беше презентиран „Предлог протокол за свечен ручек/вечера“. Повторно, и покрај тоа што не сме отсвиреле една нота последниве 12 – тина месеци, нас повторно ни е ускратено уставното право да се занимаваме со нашата дејност на апсолутно секој можен начин како ние да сме криви за пандемијава.

Нема ни одговор од институциите на нашите легитимни прашања, сите се прават на „три и пол“. Можеби дојде времето кога ќе треба да покажеме колку сме гласни и колку оваа ситуација повеќе не можеме да ја толерираме. Сега сме бројни, а ги делиме интересите со уште неколку професионални комори и здруженија кои веќе не повикаа на заедничко делување. Оставени сме самите да се снаоѓаме и организираме и ако е така, ајде добро да се организираме.